СКАНДАЛ: Туристичка агенција џамиите во Мостар со фотомонтажа ги заменила со цркви
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2018
Туристичка агенција од Хрватска на сликите од градот Мостар во БиХ џамиите ги заменила со цркви.
Станува збор за туристичката агенција Адриатик травел од Хрватска, со седиште во градот Сплит, која на промотивната фотографија на Мостар, со фотомонтажа ги заменила џамиите со католички цркви.
На една од „промотивните“ фотографии, мостарските џамии Хаџи-Куртова и Незир-агина заменети се со цркви, односно наместо минаре прикажани се ѕвона на црква и катедрала, пренесува порталот Кликс. На истата фотографија, крстот од ридот Хум се наоѓа на ридот Фортица.