26 Април, 2024
0.0336

Скандалозно незаконско трошење: Државна институција плаќала аванси за проекти кои никаде ги нема

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Незаконско, но и скандалозно работење на Бирото за регионален развој. Државниот завод за ревизија нотира низа фрапантни неправилности, непочитување на законите, авансно трошење на парите од владини програми без покритие, нејасни процедури за плаќање режиски трошоци. Државна институција за која малку се знае, низ последниот извештај на ревизорот е најсоодветен пример како функцинира јавниот систем. Кој како троши, а не одговара.

Ревизорите откриле и дека и покрај законската обврска секоја година за рамномерен регионален развој да се трошат по еден процент од вкупниот БДП на државата, тоа со години не е така. Двајца директори се смениле од 2016 година наваму во Бирото за регионален развој, но ситуацијата не се сменила ни малку. Од октомври 2016 директорувал Џемаил Елмази, а од февриари 2018 година наваму дирекор е Рамиз Реџепи.

Во извештајот стои дека Владата за 2018 година донела две програми – едната на Министерството за локална самоуправа вредна 210 милиони денари, другата за Бирото од 117 милиони денари. Средствата се најмногу за финансирање на проекти за развој на планските региони. Секоја година се прибираат проекти за да се реализираат програмите. Сепак ревизорите немале увид во проектите затоа што тие не биле архиврани, ниту потпишани.

Сепак според податоците во Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Бирото за финансирање на проекти за планските региони предвидени се над 71 милион денари, од кои авансно се исплатени околу 38 милиони денари без да биде завршен пректот и без приложена документација. Реализацијата на проектите е во износ од 33 милиони денари. Во програмата на Министерството за локална самоуправа предвидени се средства за финансирање на плански региони во износ од 114 милиони денари од кои дури 90 отсто се авансно исплатени и тоа во вкупен износ од 103 милиони денари.

Ревизорите откриле и дека Бирото има склучен допговор за закуп за канцелариите каде е сместено, но дека трошоците за комунални услуги се плаќаат посебно без притоа да биде прецизирано врз основа на кои параметри се фактурираат.

Ревизијата предупредува дека се крши законот со тоа што не се трошат сите пари за рамномерен регионален развој кои се законски определени, односно еден отсто од БДП. Таков бил случајот и во 2018 година. Засега никој не одговара за ова.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина