04 Мај, 2024
0.0285

Скапиот дочек на Нова Година повторно ќе удри по џебот на граѓаните

Објавено во: Економија 18 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Новогодишните празници и Божиќ се денови кога граѓаните дефинитивно трошат најмногу пари.

Статистиката не дава точни податоци, но сите показатели упатуваат на тоа дека секое семејство просечно издвојува по стотина евра за дочекот на Новата година.

Или ако пресметаме дека во земјава има над 500 илјади домаќинства изпаѓа дека граѓаните ќе потрошат над 60 милиони евра .

Скапи менија за дочекот во ресторани, кафулиња, дискотеки

Различни угостителски објекти, различни менија и најразлични цени. Цените од објект до објект варираат во зависност од менито.

Во зависност од понудата и имиџот на локалот цените се движат од 800 па и над 6.000 денари.

Еден скопски угостител вели дека цените не се високи, ако се земе предвид колку многу се пие .

Доколку пак решите да останете дома, нема ни таму да поминете евтино. Ќе треба да потрошите некој денар за салата, кифлички, благичко...алкохол.. и сето тоа носи пари , да не се лажеме. Единствена предност е што ќе немате потреба да трошите пари на гардероба и да се дотерувате како за излегување.

Патување, зимување ...

Оние со „подлабок џеб“ најчесто пак одлучуваат да патуваат и новата година да ја дочекаат надвор од границите на татковината.

Виена и Будимпешта се дестинации кои дефинитивно преовладуваат, а не се исклучок ниту познатите а блиски ски туристички центри Банско и Боровец.

Аранжманите во Банско чинат  од 200 до 300 евра за 3 ноќевања заедно со свечена вечера на 31 декември, додека европските метрополи имаат различни цени кои варираат од тоа на кој начин ќе патувате, дали со автобус или пак со авион.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?