26 Април, 2024
0.0272

Скапиот пресадувач на дрва бил употребен само еднаш до сега

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Скапата машина за пресадување на дрва, купена од Град Скопје додека градоначалник беше Коце Трајановски, била употребена само еднаш во последните две години откако е купена.

Машината што требаше да биде спас за стотици здрави дрвја што не мора да се исечат, туку можат да се преместат на друга локација, интервенирала само еднаш за да се преместат четири дрвја од Кејот на Вардар во паркот „Македонија“. Тогаш се покажало дека камионот е целосно неупотреблив во Скопје и дека од тогаш стои неупотреблив на паркинг, велат од Град Скопје за „Независен“.

.Директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, вели дека камионот е толку голем што е невозможно да се управува по градските улици. Уште поголем проблем за пресадување дрво со корен во Скопје се и подземните инсталации, кои се поставени многу плитко. За да преживее, дрвото мора да се извади со корен над 1,2 метар, а во делови од градов водоводот, канализациите и телекомуникациските врски се поставени многу повисоко.

Заедно со камионот за пресадување, во еден од хангарите на јавното претпријатие, неупотреблив лежи и мултифункционален трактор. Со него може да се чистат канали, да се сечат дрвореди и да се чистат улици. Машината, вели директорот Муча, е тешка 7,5 тони и е небезбедно да се движи на трева бидејќи ќе пропадне. Двете машини заедно беа купени за околу 450.000 евра во 2016 година.


Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9