20 Август, 2019
0.0181

Склучен меморандум за соработка помеѓу НБРМ и МБА во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија

Објавено во: Финансии 18 Декември, 2018

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Македонската банкарска асоцијација (МБА) склучија меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација на населението во земјава. Согласно со одредбите од меморандумот, во натамошниот период, НБРМ и МБА, заеднички ќе преземат низа активности коишто ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на финансиска писменост, како и унапредување и развивање на финансиската инклузија на популацијата. Во рамки на соработката ќе се преземат и активности преку кои населението ќе добие повеќе информации и за банкарските услуги во земјава.

Како што беше истакнато и на свеченоста на која беше потпишан меморандумот од гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на МБА, г. Коста Митровски, оваа соработка ќе биде насочена кон подигнување на свеста кај населението за потребата од финансиска едукација во современото динамично окружување, заради подобрување на вештините и способноста за носење издржани финансиски одлуки во практиката. Истовремено, заради подигнување на нивото на финансиска инклузија, се планираат заеднички активности коишто треба да обезбедат подобра информираност на населението и поголема достапност на банкарските услуги, што би овозможило подобро искористување на предностите коишто ги нудат банкарските услуги, при истовремено зајакнување и на свесноста на населението за евентуалните ризици во доменот на користењето на банкарските услуги, како многу важен аспект за клиентите на банките. Покрај тоа, во рамки на соработката се предвидува и зајакната координација во доменот на следењето, едукацијата и евентуалната примена на финансиските иновации во рамки на банкарскиот сектор, коишто отвораат многу предизвици истовремено и за регулаторите, и за банките и за клиентите. 

На свеченоста, МБА склучи меморандуми за соработка во сферата на финансиската едукација и со Министерството за образование и наука (МОН), претставено од министерот, д-р Арбер Адеми и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ), претставена од претседателката, м-р Нора Алити. Во рамки на соработката дефинирана со меморандумите, меѓу другото, МБА, НБРМ, МОН и КХВ, заеднички, за првпат во нашава земја ќе го организираат „Европскиот квиз на парите“ – проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска едукација на младите. Со тоа, Република Македонија се вклучува во второто издание на овој квиз, чијашто основна цел е финансиска едукација на учениците на возраст од тринаесет до петнаесет години. Се очекува дека во квизот ќе учествуваат над четириесет илјади ученици од дваесет и пет европски земји.

„Европскиот квиз на парите“ се одвива во две фази – првата се националните  натпревари во секоја земја поединечно, а втората е европското финале. Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржи на 27 март 2019 година, во рамки на Европската недела на парите. Тим од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 7 мај 2019 година во Брисел, Белгија. Организацијата на овој настан во нашата земја ќе придонесе за поголема ангажираност на младите во доменот на финансиската едукација и за збогатување на нивните знаења од сферата на финансиите.

Можеби ќе ве интересира

Најевтините хотели со 5 ѕвезди низ целиот свет

Најевтините хотели со 5 ѕвезди низ целиот свет

Колку изнесува просечната плата во Хрватска?

Колку изнесува просечната плата во Хрватска?

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

На што да внимавате кога барате работа во странство?

На што да внимавате кога барате работа во странство?

Каква „магија“ направи Андреја?

Каква „магија“ направи Андреја?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

Кој е градот со најголемата економска нееднаквост?

Кој е градот со најголемата економска нееднаквост?

Колку заработува најбогатото семејство во светот секоја минута?

Колку заработува најбогатото семејство во светот секоја минута?

Како нашиот државен долг надмина 100 милијарди денари?

Како нашиот државен долг надмина 100 милијарди денари?