Скопјани дишат на шкрги!
Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2013
Во скопски наслеби Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош се измерени вредност од над 180 микрометри на метар кубен што е неколку пати над дозволеното кое изнесува 50 микрометри.
ПМ10 се мали вдишливи честички кои се едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (ПМ10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето.
Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број извори, како издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дворовите и шумските пожари.
Надлежните информираат дека се преземаат мерки доколку пет дена по ред добијат информации за зголемен индекс на загаденост во воздухот.
Општините се во близина на старата „Железарница“ каде во моментов работат повеќе фирми.