Скопје е најевтин град во Европа
Објавено во: Економија 19 Септември, 2018
Скопје е најевтин град во Европа, а зад него е Приштина, по што следи Подгорица.
Белград е на деветто место како и Букурешт.
Интернет платформата Wanderu ја состави листата на најевтини и најскапи градови за посета.
Како критериум се земени цените на такси услугите, виното, капучиното, цената за посета на музеј, билети за јавен превоз, ноќевање во хотел и слично.
Скопје е најевтино во цела југоисточна Европа, но и на континентот.
Од балканските градови, Загреб е на 13, а Љубљана на 22 место.
Најскапи во Европа се градовите Монако, Рејкјавик и Даблин.