16 Јануари, 2025
0.0274

Скопје ја доби првата целосно автоматизирана катна гаража

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Катаната гаража „Солунски конгрес“ има капацитет за 280 автомобили. Тоа е првата целосно автоматизирана катна гаража во Скопје и денеска беше пуштена во употреба. Гражата е опремена со најсовремен систем за автоматско паркирање на автомобилите. За изградбата на оваа катна гаража се потрошени  околу 5,8 милиони евра. „Со нејзината изградба успеваме за граѓаните на Скопје да обезбедиме поголем слободен паркинг простор, а со тоа и зголемување на мобилноста и безбедноста во градскиот сообраќај. Главниот град расте, се повеќе возила се возат низ Скопје, расте бројот на туристи и потребна е соодветна инфраструктура. Во изминатиов период беа изградени 8 катни гаражи со вкупен капацитет од 2560 паркинг места“, вели премиерот Никола Груевски. При паркирањето автомобилите се преземаат со лифт и автоматски се паркираат. Ова е единствената гаража во Скопје во која се гарантира 100% сигурност на возилото додека е паркирано. „За да можат граѓаните да го користат овој интелигентен, еколошки паркинг кој се наоѓа во строгиот центар на Скопје ќе треба да плаќаат 40 денари за првиот час, 30  денари за вториот и само 20 денари за секој нареден час паркинг место во оваа катна гаража“, истакна Цветко Грозданов, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор кое ќе стопанисува со објектот. Во катната гаража „Солунски конгрес“ кај МЕПСО ќе има кафе-ресторан во приземјето и видиковец во поткровјето со површина од 1.283 квадратни метри. Новата паркинг-зграда зафаќа вкупна површина од над 8.000 квадрати, а висока е 29 метри. Три катни гаражи се сеуште во градба со вкупен паркинг простор од 1172 места., а во наредниот период планирани се уште 7 катни гаражи со простор околу 1600 паркинг места. Фото: Курир

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката