СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Левица предлага конкретни решенија за почист воздух
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2025
Ситуацијата со аерозагадувањето е крајно алармантна и затоа Левица бара итни и неодложни краткорочни мерки кои можат веднаш да се спроведат преку координација на градските власти и институциите:
• Спроведување на итни инспекциски надзори, изрекување казни и забрана за работа на загадувачите за кои се утврдило дека загадуваат повеќе од дозволеното;
• Машинско чистење на улиците од насобраната прашина со специјализирани возила за перење и правосмукање;
• Поставување на високоефикасни електростатски филтри на оџаците на сите големи индустриски капацитети кои загадуваат, како што се ,,Цементара", ,,Железара", ,,Макстил", ,,Југохром", ,,Дрисла" итн., како и инсталирање прецизни сензори за мерење на емисиите;
• Враќање на акцизата за јаглен-кокс, со цел дестимулирање на увозот на овој штетен енергенс кој се користи во тешката индустрија;
• Итна акредитација на централната државна лабораторија во Министерството за животна средина за научна и строга контрола на извештаите за квалитетот на воздухот;
• Јасни ингеренции за Град Скопје во областа на инспекцијата и итното интервенирање при зголемено загадување, горење на отпад и сл.