Добивај вести на Viber
Скопските улици ќе се прскаат со калциум магнезиум ацетат за да се намали загадувањето, вели скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Овој раствор треба да ги апсорбира штетните ПМ10 честички и да го намали загадувањето на воздухот и до 30%.
„Имавме две неуспешни објави, не добивме согласност од Советот за јавни набавки. Сега ја имаме истата, ќе бидат преадаптирани околу 10-тина возила од јавното претпријатие Комунална хигиена“, вели Трајановски.
Според градските власти, ова бил вообичаен начин за справување со загадувањето во светските метрополи.
ПМ10 честичките се лепат за калциум-магнезиум-ацетат, се претвораат во смеса, остануваат на земја и не одат во атмосферата. Трајановски тврди дека градските власти прават се за да се намали загадувањето, кое деновиве повторно е огромен проблем во главниот град.