19 Мај, 2024
0.0295

Скопски Капиштец конечно доби училиште

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber


Центарската населба Капиштец во Скопје конечно доби функционално основно училиште во кое локалните жители ќе може да следат настава, откако учениците до сега мораше да се запишуваат во околните населби во општината.

ОУ „Киро Глигоров" започна со работа на првиот училишен ден од новата учебна 2019/2020 година, а тоа е прво изградено училиште во општината по пауза од 50 години.

„Утрово ООУ „Киро Глигоров“ ги отвори вратите за првите ученици. Училиштето во Капиштец е прво ново-изградено во Општина Центар по цели 50 години, кое го решава повеќе деценискиот проблем на жителите од оваа населба. 
Тие повеќе нема да да ги носат децата во училишта во други населби, затоа што од денеска имаат училиште во својата“, истакна градоначалникот Саша Богдановиќ.

Има 21 училница, 7 специјализирани кабинети за предметна настава, спортска сала и гимнастичка сала, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија – Дневен центар за деца со церебрална парализа.

Сите училници и кабинети се опремени со стандардни школски табли, проектори и смарт-табли со повеќе функционалности на допир, во кои е вграден софтвер кој овозможува интерактивно искуство во учењето, а на наставниците им нуди широк спектар на алатки за поддршка во секојдневната настава.

Инаку во ова училиште своето ново одделение ќе го започне ќерката на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

„Ново училиште, ново одделение, нов предизвик... Со среќа најверна другарке“, објави Макрадули.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“