14 Декември, 2025
0.0462

СКОРО 50 ШТЕКИ ЦИГАРИ ОТКРИЕНИ ВО ЦЕВКА ЗА ЦРЕВО НА КАМИОН - Цариниците со нови заплени

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2025 12:36

Добивај вести на Viber

Ново откритие на царинските служби. Овој пат успеа да извадат големи количини на скриени штеки цигари во помошни делови од товарни возила. 

Но, откриени се и шишиња вино, резервни делови од возила и други предмети кои увезувачите сакале нелегално да ги увезат или извезат. 

Како што соопштуваат од Царинсакта управа, царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронајдоа дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење скриени во цевката за црево, како и во цевката во долниот дел од цистерната. 

- Во друг случај на граничен премин Богородица Службата за мобилни скенери при скенирање на товарно моторно возило – цистерна, откри 6 штеки цигари скриени во кабината - се наведува во објавата на Царина. 

Исто така се запленети 30 илјади евра што патник сакал нелегално да ги изнесе преку граничен премин Богородица, а службата за мобилен скенер спречила обид за нелегален влез на четири мигранти, државјани на Египет. 

- Спречен обид за шверц на 540 шишиња вино коишто биле скриени во автобус, пријавен за влез во државата на граничен премин Блаце.  143 резервни делови за возила и 24 литри моторно масло, се пронајдени при контрола на автомобил управуван од албански државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.  Три таблети, две матични плочи и четири читачи на жетони за кафе-апарати се откриени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничниот премин Блаце - се наведува во објавата на Царина во која споделуваат и видео од откриените штеки со цигари. 





Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово