03 Мај, 2024
0.0288

Славески: Изедначување на социјалната помош со минималната плата значи обесхрабрување на работоспособните лица

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека како најголема опозициска партија ја поздравуваат најавата дека власта конечно има намера да се сврти кон економијата во 2019 година. 

Спомна и дека Владата на премиерот, Зоран Заев се фали дека социјалната помош од 1 јануари 2019 година е зголемена за 3 пати.  Славески вели дека ова ќе има негативните ефекти и последици на пазарот на труд  од една ваква мерка ако се реализира на начин на кој што е зацртана.

„Внимавајте изедначување на социјалната помош со минималната плата значи декуражирање или обесхрабрување на работоспособните лица да се вклучат во пазарот на работна сила затоа што на пример станува збор за семејства каде што квалификациите се такви што тие на пазарот на труд  не би можеле да достигнат до просечната плата или би биле некаде испод просечната плата. Па кој е сега интересот ако државата ви плаќа за седење дома 12.000 денари вие да работите за минимална плата од 12.000 денари или за дополнителни 2.000 денари што би ги добиле или 3 илјади денари за малку повисока плата над минималната. Во услови на стеснување на пазарот на труд во Република Македонија, заради демографските трендови заради иселувањето итн. се губи, односно се пасифизира еден работоспособен дел од работната сила во Република Македонија што секако на економски план ќе има многу негативни последици“, вели тој. 

Сепак Славески вели дека во никој случај немаме гаранции дека она што се најавува дека 2019 година ќе биде година на економијата, а најмалку година на економски бум, ќе се оствари.

„Прво ако се направи една мала споредба со перформансите на некои изминати влади во изминатиот период дека владата предводена од СДСМ и ДУИ ја искористи шансата и покажа колку знае и умее на полето на економијата односно може со сигурност да се каже дека ја прокоцка шансата. Имено резултатите на економски план, граѓаните ги чувствуваат и од морето на бројки кои што беа денеска изнесени ќе оставиме сами да проценат дали подобро живееја или живеат во 2018 година и какви се нивните очекувања врз основа на досега реализираното за 2019 година. Сакаме да се задржиме на споредба повторно на првите две- три години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ целосни од 2007, 2008, 2009 година затоа што тоа е релевантно со првата целосна година од владеењето на СДСМ. Имено само да потсетиме дека тогаш растот на БДП изнесуваше околу 6 проценти, а сега се задоволуваме или треба да се задоволиме со раст кој што може да биде дури понизок од 2,8 проценти и покрај тоа што се презентираат бројки за некоја зголемена активност во последниот квартал од 2018 година. Понатаму, министерот за финансии презентираше во делот за фискалните реформи 10 таканаречени реформи кои што тешко можат да го добијат тој епитет“, вели Славески. 

Освен за зголемување на даноците вели дека сето друго се само козметички промени. 

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен