Следете во живо, прес-конференција на министерот Венко Филипче
Објавено во: Македонија 29 Март, 2020
Венко Филипче, министерот за здравство, денеска во 12.30 часот ќе ја одржи во живо најновата прес-конференција на темите поврзани со епидемијата КОВИД-19.
Истата може да ја проследите на следниот линк.
Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Владини претставници извршија увид на работите за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје- 143, Дебар – 45 од кои двајца починати, Куманово – 20 од кои еден починат, Штип – 8, Прилеп – 8,Тетово- 4, Охрид- 3, Велес – 3, Струга – 3 од кои еден починат, Кавадарци – 2, Гостивар – 1 и Битола – 1.
Вчера почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.