19 Мај, 2024
0.0269

Следниот напад во Европа - со хемиско оружје?

Разузнавачките агенти стравуваат дека ДАЕШ ќе ја смени тактиката и наместо бомбаши самоубијци, ќе побара други начини да се направат повеќе жртви

Објавено во: Свет 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Возможно е следните напади во Европа да бидат извршени со автомобили бомби и дури со хемиско оружје. За ова денес предупреди европскиот координатор за борба против тероризмот, Жил де Керхов. Тој говореше пред европратениците од Комисијата за граѓански слободи и внатрешни работи во Брисел.

Де Керхов посочи дека разузнавачките агенти стравуваат дека ДАЕШ ќе ја смени тактиката и наместо бомбаши самоубијци, ќе побара други начини да се направат повеќе жртви. Ризик пред Европа претставува и евентуалниот крај на калифатот, создаден од исламистите, познат како „Исламска држава“, бидејќи тие ќе се преселат на друго место. Најверојатно нов нивен центар ќе стане Либија, а Европа ќе се соочи со потребата да се справи со голем број на луѓе кои се враќаат од уништениот калифат.

Овие луѓе не се само борци. Меѓу нив има координатори и дури деца, родени во териториите на ДАЕШ кои не се помалку од 500, посочи тој.

Европскиот координатор предупреди дека на Европа и се заканува опасноста од зголемување на исламофобијата која дополнително го зголемува ризикот од миграцискиот бран. Повикувајќи се на податоци од германското разузнавање, Де Керхов соопшти дека се зголемува ранливоста на дијаспората од сириски бегалци. Во камповите се појавиле салафистки проповедници, кои се обидуваат да врбуваат терористи меѓу бегалците. Зголемениот негативизам кон Сиријците и кон бегалците во Европа ги засилува опасностите некои од нив да се радикализираат, предупреди антитерористот бр.1 во ЕУ.

Координаторот призна пред европратениците дека ДАЕШ ги користи миграциските текови за инфилтрирање на свои борци, испратени да нанесат удари по европските градови. Според него, нивниот успех се олеснува од фактот дека организираниот криминал се насочил кон „услужување“ на бегалците, откако ги пренесуваaт илегално преку границите и ги снабдуваат со фалсификувани документи. Де Керхов посочи дека нападите во Париз во ноември, во Брисел во март, како и некои апсења во Германија, покажуваат дека терористите и бегалците користат исти шверцери и канали за движење.

Тој предупреди дека Ал Каеда не треба да се потценува за сметка на ДАЕШ, како и дека и покрај бројните безбедносни мерки, ризиците пред авијацијата остануваат актуелни. Туристичките објекти во муслиманските земји, исто така остануваат потенцијална цел за напади.

Жил де Керхов им објасни на европратениците дека терористите стануваат тешки за фаќање, бидејќи користат повеќе различни профили за бирање на изведувачи. Меѓу атентаторите има како борци, избрани од единицата за планирање на нападите на ДАЕШ во Рака, така и „осамени волци“, кои се насочувани преку интернет, што и се претвори во главно средство за ширење на идеологијата и за давање на инструкции на терористите. Луѓето со психички абнормалности или бараат начин да се покажат откако ги копираат нападите, исто така претставуваат сериозен ризик, истакна европскиот координатор за борба против тероризмот. Последните терористички напади прикажуваат и добро осмислени и подготвени напади (Париз, Брисел), како и спонтани активности (Ница, нападите со нож во Франција и Германија), рече тој.

Според де Керхов, „за многу од земјите членки заканата од напад е голема и комплексна“. Откривањето на потенцијални терористи станува потешко бидејќи луѓето се полесно се во искушение да се оддадат на насилство, средината во која организираните криминалци сѐ повеќе се мешаат, исто олеснува за добивањето на вештини кои ќе овозможат извршување на напади. Поради бројните профили на терористите, потешко е за тајните служби да изолираат типично однесување и така да ги фаќаат исламистите пред тие да нанесат удар. Де Керхов истакна дека процесот на радикализација е уште побрз, со што се намалува времето за реакција на службите.

Во исто време, европскиот координатор изјави дека „од Брисел доаѓаат добри вести - институциите се мобилизираат и секогаш се подготвени да одговорат на предизвиците“. Тој го поддржа и назначувањето на специјален комесар за безбедност, кој ќе ја подобри координацијата. Веќе има разбирање меѓу лидерите на ЕУ дека борбата против тероризмот треба да е на прво место на дневниот ред во Европа.

Меѓу проблемите во кои нема доволно напредок, Де Керхов ги посочи собирањето, анализирањето и споделувањето на разузнавачки информации. ЕУ се подготвува за отворање на две нови бази на податоци - систем за регистрација на влез и излез и база за лицата кои можат да влезат во ЕУ без виза, кои треба да бидат прифатени. Постоечките бази сепак уште не се целосно компатибилни и „не ги одразуваат заканите“, бидејќи „сега работите се случуваат многу побрзо“. За да можат да се контролираат поефикасно миграциските бранови, потребно е да се собира дополнителни информации, вклучувајќи и биометриски податоци, рече тој во одговор на прашање од европратениците.

Антитерористичките служби сметаат на тоа и да добијат побрзи процедури за пристап до дигитални докази, вклучувајќи до социјални медиуми, шифрирани информации, како и можност за широката употреба на кодирани информации меѓу земјите членки.

Де Керхов повика националните влади да инвестираат повеќе во превенција на тероризмот.

- Во денешно време, многу е тешко да се дојде до Сирија, но некои луѓе не мора да биле во Рака, бидејќи тие се радикализираат преку интернет, изјави тој за внатрешната комисија на Европарламентот.

Според него, треба да се најде и нов начин за казнување на исламистите со европски пасоши кои се враќаат во Европа. Наместо да се фрлаат во затворите, каде радикализираат криминалци кои дотогаш не пројавиле интерес за терористички активности, тие треба да се третираат на различни начин. Де Керхов смета дека образованието и културата може да игра улога во намалување на младите Европејци кои се претвораат во џихадисти.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години