СЛЕДНИОТ ВИКЕНД СЕ ВРАЌА ЗИМАТА? Првичните нумерички модели цртаат студ и снег на Балканот
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2024 06:00
Има интересна ситуација на нумеричките модели од денес, а тоа е дека веќе на нумеричките модели се црта враќање на зимата и на студеното време, како и на снегот на повеќе места во Европа и на Балканот од следниот викенд, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Се црта спуштање на студен воздух од север, што значи дека температурите значително би опаднале и би биле минусни на повеќе места, особено во утринските и ноќните часови, со што се очекува и појава на мраз. Секако со ова очекуваме и снег понекаде и на помала надморска височина, додека Скијачките центри и останатите планини би добиле нешто повеќе снег.
Секако ова е многу неофицијално, но сепак вреди да се објави во јавноста и да се спомне. Нормално ние континуирано ќе ја следиме состојбата на нумеричките модели и постојано ќе информираме“, објави Попоски.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




