18 Мај, 2024
0.1369

СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ: Дека ме следеле, ме предупредија вработени од УБК, имам и докази

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Јас сум оштетен секако, не само јас туку и другите жртви, и штетите кои ги претрпеле не можат да се измерат со никакви пари, рече Слободан Богоевски, поранешен разузнавач, сведок во Таргет-тврдина. 

„Прво, имаме непосредни штети, конкретно за постапки што воделе против нас, од милион евра, тоа е директна материјална штета. А за нематеријалната штета, за углед, за душевна болка на семејствотои слично, тоа е дополнително“, рече Богоевски. 

Според него, ова е еден од круцијалните предмети на СЈО, да се дознае зошто државата организирала масовно следење на комуникации, бидејќи ова не е случај на следење на комуникации од некој радознал, кој сакал да ѕирне во приватноста на некого, туку државен систем за незаконито следење на комуникациите мотивиран од криминилани, политчки, економски и други цели и како таков мора да има брза разрешница, инаку перспективите на Македонија не можат да бидат никако добри, ако такво нешто ни се случува. 

„Значи, не е поединечен случај и не сме битни сите ние како поединци, туку масовноста на следењето, бидејќи станува збор за над 20 илјади комуникации, говори дека станува збор за монструозен систем, и ако нема најжестоко казни во овој предмет, тогаш нема ништо од правото и правдата“, нагласи Богоевски.

Тој вели дека кодните имиња не смее да ги каже, бидејќи се означени како тајна. 

„Би напоменал само дека правеле злоупотрени со ПИМ мерките, ако еднаш добијат од суд, најчесто ненадлежен суд, па после ќе ви ги продолжуваат мерките, прилепувајкќи ги на други случаи, кои вие не ги ни познавате кои се, колку проформа да се оправдаат“, рече поранешниот разузнавач.

Прашан кој него го предупреди, тој рече дека тоа се вработени од УБК,.

„Бидејќи, вие знаете, јас целиот мој живот работев таму, на крајот, и материјалните докази сега што ги обезбедив, се од истите вработени, не сам,о за конкретниот случај, туку и за други работи“, рече Богоевски. 

За предметот Агент против него, Богоевски одговори дека тој заврши правосилно, и штетата од тој предмет е оваа што сега ја побарува, а дополнително ќе бара и друга штета. 

За судиите, тој рече дека има докази како Сашо Мијалков ги повикувал во канцеларија, односно прво обвинителите, државниот обвинител Марко Зврлевски, Јован Илиевски, па судиите еден по еден. Има докази од изјави од сведоци. 

„Тоа е последица од ова незаконито следење на комуникациите, ако некој ви покаже интимни разговори од фамилијата, луѓето се плашат. Секако дека тука има и судии“, рече Богоевски.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“