Словачкиот претседател казнет со 39.000 евра
Објавено во: Свет 15 Мај, 2019
На словачкиот претседател Андреј Киска му е изречена казна од 39.000 евра поради криење на информации дека неговата изборна кампања во 2014 година била финансирана од фирма што е негова.
Киска, на кого претседателскиот мандат му истекува за еден месец, а има месечна плата од 13.000 евра, ќе мора да ја плати оваа санкција за изборни нерегуларности.
Претседателот ја оспори одлуката на парламентарната комисија и ја дефинираше како политички мотивирана. Намерата на киска е да го даде случајот на словачкиот Уставен суд. Тој е поддржан од парламентарната опозиција.