Словенечкиот премиер може да биде симнат од власт поради поддршка на бегалец
Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2017
На Мирослав Церар, премиерот на Словенија, кој е еден од неколкуте либерални лидери во Централна и Источна Европа, му се заканува импичмент, пишува The Guardian. Причината е тоа што Цезар поддржувал сирискиот бегалец кој може да биде депортиран.
Ако предлогот на десната опозициска партија во земјата биде прифатен, Церар, кој ја предводи умерената "Модерна центристичка партија", може да биде отстранет од позицијата премиер на Словенија. Сепак неименувани извори од владата во Љубљана изјавиле дека премиерот има доволно поддршка во парламентот за да биде отфрлен предлогот за неговиот импичмент.
Сирискиот бегалец, поддршката кон кого може да ја чини функцијата на Церар, е 60-годишниот Ахмад Шамил кој пристигнал во Словенија во 2015 година. Таму тој го научил локалниот јазик и станал пример за успешна интеграција на бегалец. Иднината на Шамил сепак стана клучна тема, предизвика несогласувања во словенечката политика, без разлика каков ќе биде резултатот од гласањето за недоверба на премиерот.
Според владини извори противењето против поддршката на Церар кон Шамил е претстава, чија цел е да ја дестабилизира владата, додека тече подготовката за националните избори во Словенија следната година.
Десетици илјади бегалци поминале низ Словенија од почетокот на бегалската криза во Европа, како резултат на што пред две години Церар коментира дека без мерки за контролирање на европските граници, Европската унија ќе се распадне, бидејќи одделните земји членки преземаат унилатерални, самостојни активности . Од тогаш, миграцијата остана многу контроверзна во земјата.