29 Април, 2024
0.0280

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

Објавено во: Македонија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Нашата земја е на 54-та позиција според Индексот на глобални можности (Global Opportunity Index) за 2023 година. 

Станува збор за привлечноста на земјата за меѓународните инвеститори.  Во однос на регионот ние сме зад, Словенија која е на 26 позиција, Бугарија на 46 позиција и Црна Гора која се најде на 50 место. Полошо од Македонија котираат Србија (59), Хрватска (64), Грција 71 и Албанија (73). 

На глобално ниво води Данска, потоа следат Шведска, Финска, САД и Обединетото Кралство.

Сингапур е на врвот на Азија како омилена земја на инвеститорите во регионот и се најде на 14-то место на глобално ниво. Хонг Конг и Јапонија се рангирани на 15-то и 16-то место во Азија.

На претходната ранг листа Македонија беше на 53 позиција.

Индексот го одреди институтот Милкен за да им помогне на инвеститорите кои бараат можности надвор од нивните локални пазари. Индексот се заснова на 100 индикатори класифицирани во пет категории: деловната перцепција ги мери ограничувањата со кои се соочуваат бизнисите и леснотијата на бизнисите да ги решаваат споровите, економските основи ја доловуваат макроекономската перспектива на земјата и потенцијалот за иден развој, финансиските услуги го мерат пристапот на една земја до финансиските услуги, институционалната рамка го доловува степенот до кој институциите на една земја помагаат или ја попречуваат деловната активност, меѓународните стандарди и политики мерат колку една земја е интегрирана во меѓународната заедница.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи