Словенија мора да и врати на Европската унија повеќе од осум милиони евра
Објавено во: Балкан 19 Август, 2013 14:08
Словенија дека мора во буџетот на Европската унија да врати повеќе од осум милиони евра.
Европската комисија ја известила Словенија дека тие пари ги добила за непосредна исплата, односно субвенции за земјоделци по хектар за производство на ограничени подрачја.
Агенцијата за земјоделски пазари на Словенија истакнува дека главната причина за враќање на парите е пропуст во географско- информациониот систем поради што во површините кои имаат право на субвенции влегуваат и патишта, шуми и згради.
Покрај неточната идентификација на земјиштето, Европската комисија која ги проверувала податоците, утврдила недостатоци и при контрола на терен, кај пресметката на исплатата.
Според податоците на словенечкото министерството за земјоделство ова е не е прв пат Словенија да мора да врати толку пари, бидејќи првиот пат таа вратила 7.6 милиони евра, со што сега вкупната казна изнесува 16 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




