Словенија со раст од 10,5 проценти во градежниот сектор е лидер во ЕУ
Објавено во: Балкан 21 Август, 2013 11:47
Најголем раст во градежниот сектор во јуни меѓу сите држави на Европската унија, оствари Словенија со растот од 10,5 проценти, објави „Еуростат“.
Обемот на градежните работи во еврозоната во јуни се зголеми за 0,7 проценти, а во цела Европска унија за 0,8 проценти.
Освен во Словенија, градежништвото силно се зголемило и во Полска со 5,3 проценти и во Германија со 1,6 проценти.
Најголем пад забележа Романија, каде обемот на градежните работи се намали на 2,4 проценти.
Во вториот квартал од 2013 година во Словенија се издадени 913 градежни дозволи, што е за 24 проценти повеќе во однос на 2012 година.
Агенцијата „Франс Прес“ објави дека бројот на издадени дозволи за стамбените објекти е зголемен за 14 проценти, додека дозволите за стамбено-деловните згради се зголемени за околу 33 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




