СЛОВЕНЦИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА: Ќе кренеме ограда долж границата
Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2015 15:48
Ако не запре бранот на бегалци кон нашата земја, Словенија ќе дигне ограда по хрватската граница. Тоа, го изјавил словенечкиот премиер Миро Церар по седницата на Националниот совет во Љубљана.
Тој истакна дека земјата има подготвеност да дигне оградата веднаш, без оглед од договорот што беше постигнат за балканскиот пат за подобра соработка меѓу земјите, кои се борат со миграционата криза.
„Како премиер јас сум подготвен да сторам сé за да ги заштитам словенечките интереси, мирот и безбедноста на нашите луѓе“, изјавил Церар по средбата, на која присуствуваа сите министри и лидери на политичките партии во земјата. „Ние не сакаме во Европа да има ѕидови, но ако бидеме принудени, имаме подготвеност уште утре наутро да поставиме технички бариери долж границата со Хрватска“, додал тој.
Само во последните 12 дена во Словенија од соседна Хрватска дошле 89 789 лица. Министерството за внатрешни работи во Загреб објави дека по 16 септември од Србија во Хрватска пристигнале 266 265 лица.
Потсетуваме дека австрискиот министер за внатрешни работи, исто така, навести за изградба на ограда на границата со Словенија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




