26 Април, 2024
0.0408

СМЕНА НА ТРОНОТ: Како Амазон му ја презеде лидерската позиција на Мајкрософт

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Гигантот на интернетската компанија ја презеде лидерската позиција од Мајкрософт и прв пат го зазеде првото место.

Превирањата доведоа до промени на листата на американсите корпорации а Амазон сега се забетонира на првата позиција на листата највредни компании во Соединетите Американски Држави.

До промените доаѓа откако акциите на Амазон пораснаа три посто и ја зголемија пазарната вредност на гигантот на интернет трговијата на 797 милијарди долари.

Акциите на Мајкрософт пораснаа за помалку од еден посто, со што пазарната вредност на произведувачот на софтвери е 784 милијарди долари.

Со тоа Амазон прв пат е највредна американска компанија со акции на берзата а и крај на краткото враќање на Мајкрософт на врвот, кога го надмина Епл во ноември.

Превирањата предизвикаа загриженост дека трговската војна на администрацијата на Трамп со Кина и зголемувањето на референтни каматни стапки ќе ја забави светската економија. Ако тоа се случи, веројатно ќе се забави растот на компании од технолошкиот сектор и други гранки од индустријата кои голем дел од приходите имаат надвор од САД.

Далеку под рекордот

Тоа е една од причините зошто многи акции на технолошки компании се далеку под своите рекорди. Амазон, на пример, е 21 посто под рекордот од септември кога неговата капитална вредност била над 1 000 милијарди долари.

Епл тогаш вредеше уште, но неговите акции изгубија 37 посто од вредноста од октомври, односно околу 400 милијарди долари пазарна вредност.

Епл потврди некои од најужасните стравови на инвеститорите кога минатата недела предупреди на разочарувачка побарувачка за Ајфони, посебно во Кина, поради што приходите во последното тримесечие се далеку помали од проекциите на управата и аналитичарите.


Фото: DPA

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина