07 Мај, 2024
0.0258

Смениле единствено - малку граматика, малку додале зборови од други соседи - Захариева за македонскиот јазик

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, смета дека треба Македонија да ја признае историјата, а Бугарија да ја прифати реалноста. 

Захариева во интервју за бугарска телевизија вели дека, Македонија има статус на кандидатка за членство во ЕУ од 2005 година и „едвај сега, во 2020 година, Советот на ЕУ успеа да донесе одлука за почеток на преговори“. Според неа, во никој случај, вината за тоа не беше ниту на Бугарија ниту на Грција.

„Тоа е процес од над сто години, 75 години е државна политика. Тоа се многу поколенија. Ние имаме интерес тие да бидат во Европската Унија, да запрат со практиките од Титова Југославија, имаме интерес да ја признаат историјата, а во исто време, ние треба да ја признеме реалноста во моментов. Тоа е заемен интерес, според мене.“ - вели Екатерина Захариева МНР Бугарија.

На новинарското прашање дали тука треба да се додаде и македонскиот јазик, Захариева одговори дека оваа тематика е поврзана.

„Да, и јазикот, тоа е се поврзано. Толку документи има. Напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик“, истакна Захариева во интервју за бугарската телевизија Канал 3.

За последните релации Скопје – Софија , бугарската вицепремиерка Захариева вели дека земјата е во предизборен период и мудра надворешна политика значи да не влегуваш во предизборна кампања. Според неа, ова е започнато од ВМРО ДПМНЕ, но тие нема да реагираат, за како што вели – изборите поминуваат, соседите остануваат.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава