17 Јануари, 2025
0.1568

Сметките на „Финзи“ сеуште не се замрзнати, Основен го криви СЈО

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Основниот суд Скопје денеска преку соопштение изјави дека Специјалното јавно обвинителство при барањето за замрзнување на сметките на фирмата „Финзи“, опфатена во случајот „Трезор“, не ги навело сметките и банките на фирмата и се повикало на погрешен член од Законот за кривична постапка. Затоа судијата на претходна постапка сè уште не одлучил по барањето за замрзнување на сметките, а предлогот на СЈО го вратил на комплетирање.

- Судијата на претходна постапка, во законски утврдениот рок од 12 часа по добивање на предлогот, односно истиот ден 29. септември, откако увиде дека предлогот е некомплетен, до СЈО достави барање да се уреди конкретниот предлог на начин што ќе се наведат банките и трансакциските сметки на правното лице, бидејќи обвинителот во барањето изоставило да ги наведе и барањето е општо и неопределено за кои сметки и за кои банки се однесува, соопштуваат од Кривичен.

- Воедно и од причини што барањето на СЈО гласи да се изрече забрана за користење и за располагање со трансакциски сметки по член 202, став 1 и 2 од ЗКП, како што предложиле од СЈО, во суштина кога ќе се види законот, ваква одредба не постои и од овие причини судијата побарал СЈО да се произнесе дали можеби бара привремено одземање на имот или предмети, бидејќи запирање на извршување на финансиски трансакции е определено со членот 200, став 7 од ЗКП, стои во соопштението од судот.

Оттаму додаваат дека на 3 октомври судот добил одговор во кој, како што стои во соопштението, од СЈО овојпат се повикале на членот 200, став 7 од ЗКП, но навеле дека не се во можност да достават уреден предлог бидејќи сè уште немале добиено податоци од банката во која се обратиле. Од СЈО, според судот, навеле дека кога ќе ги добијат бараните податоци, ќе поднесат уреден предлог по точниот член од ЗКП што им го предочил судијата.

Од Кривичниот суд велат дека квазиексперти и „професионалци“ го претвориле правосудниот систем во шоу-парада, а судот го обвинуваат за двојни аршини.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби