Сметките скокнаа за 266 отсто - Швеѓаните бараат начин да ја намалат потрошувачката на струјата
Објавено во: Економија 13 Јануари, 2022
Енергетската криза во Шведска доведе до драстичен скок на цената на струјата.
Сметката за просечен стан во најнаселените, јужни делови на Шведска, порасна 266 отсто во декември. Скоро 1,8 милион домаќинства ќе добијат отштета од приближно 220 долари за домаќинство во текот на зимата поради зголемените сметки за струја. Шведските медиуми пишуваат дека граѓаните на разни начини се обидуваат да ја намалат потрошувачката – од исклучување на радијаторите до алтернативни начини на греење, а некои Швеѓани земаат кредити за да си ги платат зимските сметки. Влада одвои 670 милиони долари за помош на домаќинствата поради големото поскапување на струјата. Слични мерки преземаа неколку држави. Светот се соочува со енергетска криза.