30 Април, 2024
0.0287

Снегот нема да престане и вечерва: Еве каде наврна најмногу

Објавено во: Македонија 21 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Врнежите од снег во најголемиот дел од земјава ќе продолжат до крајот на денот, само на југоистокот ќе бидат од дожд. Снежна покривка е формирана на Маврово од 27 сантиметри,  24 Ѓуриште, 19 Лазарополе  и Попова Шапка, 15 Тополчани, 14 Пожаране, 12 Претор, девет Битола, осум Берово, пет Штип, четири Тетово и Прилеп и еден во Скопје на Зајчев Рид.

Облачно и студено со врнежи од дожд е во Гевгелија. Краткотрајно, како во Крива Паланка преку денот и доцна попладнево во Битола, повремено се менуваа врнежи од дожд со врнежи од снег. Снег врнеше и на планините и на повисоките места.

Врнежите од снег ќе продолжат и утре на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно и студено со повремен дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу 0, а максималната ќе достигне само до 4 степени.

Во вторник и среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. Во деновите од работната недела ќе се задржи студено, а утринските температури ќе се најниски во среда и четврток.

Поради интензивни врнежи од снег oд 14.30 часот е вовеена забрана за сообраќај на тешки товарни возила  патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 10:15 часот поради интензивни врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.


Можеби ќе ве интересира

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје