Со боледувања обвинет избегнувал рочишта - Фетаи бара одговорност
Објавено во: Македонија 03 Април, 2018 14:37
Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, најави покренување на постапки против лекарите кои му давале боледување на Милан Андоновски, кој е обвинет во предметот за насилствата во Општина Центар.
Фетаи вели дека боледувањата биле наменски вадени пред рочиштата, со цел Андоновски да ги избегне.
На денешното судење во Кривичниот суд Фетаи рече дека Специјалното јавно обвинителство побарало вонреден инспекциски надзор во Општата медицинска установа каде е издадена потврдата. Целта била да се провери дали Андоновски навистина бил на боледување.
Комисијата за стручен надзор од Лекарската комора при тоа утврдила дека при издавање на боледувањето имало пропусти. Фетаи рече дека недостасувале стандардни лабараторски анализи.
Андоновски не беше присутен на минатите рочишта, адвокатите го оправдале неговото отсуство со лекарско оправдување на кое пишувало дека има ларингит.
Судењето ќе продолжи на 19 месецов.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор




