14 Мај, 2024
0.0242

Со инвестиција од 3 милиони евра во друштвата „Раде Кончар - Сервис“ и „Раде Кончар - ТЕП“ до забрзан развој

Објавено во: Мои пари 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Со инвестиција од 3 милиони евра, членовите на менаџерскиот тим, на чело со искусниот и познат бизнисмен Аце Антевски, станаа 100 отсто сопственици на две друштва на „Раде Кончар“. Тие најавуваат враќање на дел на капиталот кај акционерите со исплата на дивиденда. „Одлуката за вложување на 3 милиони евра во сопственичката структура на „Раде Кончар - Сервис и поправки на електрични производи“ и „Раде Кончар – ТЕП“ ја донесовме со верба за натамошно успешно работење на двете друштва на македонскиот и на странските пазари и развој на вкупната македонска економија. Новата деловна политика е извозно ориентирана кон освојување на нови пазари, со нови производи, нови партнери, што ќе значат отворање на нови работни места во стратешкиот сектор, електро и металната индустрија. Токму сега созреа потребата од окрупнување на сопственичкиот капитал, кој ќе донесе нови развојни предизвици“, - се вели во Соопштението на менаџерскиот тим на „Раде Кончар - Сервис и поправки на електрични производи“ и „Раде Кончар - ТЕП“, во годината во која „Раде Кончар“ одбележува значаен јубилеј - 70 години од своето постоење. Менаџерскиот тим на почетокот од месецов, со докупување 33 отсто од акционерскиот капитал и вложување на 3 милиони евра, стана сопственик на 100 отсто од капиталот на овие две друштва и се очекува исплата на дивиденда.  

„Раде Кончар“ е познат бренд во регионот, кој опстојува долги години на пазарот и има значаен удел во развојот на вкупната македонска економија. Следењето на светските трендови и инвестициите во нови софистицирани технологии целосно посветени на безбедноста и квалитетот на производите, овозможуваат долгогодишна успешна работа што ја потврдуваат лидерската позиција на компанијата во електро и металната индустрија. Новите времиња носат нови предизвици, а храбрите чекори на менаџерскиот тим на двете друштва „Раде Кончар - Сервис и поправки на електрични производи“ и „Раде Кончар - ТЕП“ ќе отворат нови можности за враќање на компанијата на светската сцена. 


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН