Со колкава дивиденда ќе ги израдува своите акционери „Витаминка“
Објавено во: Економија 18 Јуни, 2019
Најголемата македонска кондиторска индустрија „Витаминка“ втора година во низа ќе дели дивиденда на своите акционери.
Ова станува јасно од предлог одлуката за која гласаа на 11 јуни акционерите на годишното собрание.
Како што пишува во предлог одлуката бруто износот на дивиденда за секоја акција е 217 денари и таа лани е за 25 отсто повисока во споредба со бруто дивидендата поделена за работењето во 2017 година.