27 Април, 2024
0.1922

Со помош на ЕУ, отворен модерен спелеолошки тренинг центар во Гостивар

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Гостивар доби модерен спелеолошки тренинг центар, во кој млади спелеолози ќе можат да ги истражуваат, мониторираат и зачувуваат пештерските убавини во овој крај. Тренинг центарот е дел од проектот  “Зајакнување на локалните капацитети за истражување и конзервација на природното наследство на пештерата Убавица“, еден од вкупно 25 грантови од Програмата за зајакнување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унијаи од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во првата фаза на проектот се извршени градежни работи за реконструкција и санација на просториите на Општина Гостивар во село Вруток, по што беше објавен оглас за следење на обука за спелеолошко истражување. Заинтересирани кандидати, следеа интензивна обука практични вежби и  предавања за истражување на ендемични видови, био-спелеолошко и геолошко истражување како и 3Д ласерско топографско снимање на пештерата Убавица, која се наоѓа во планините над Гостивар во околината на село Ѓоновица.


За спроведување на обуката на локалните спелеолози, имплементаторите на проектот, Спелеолошкиот клуб Кораби и општина Гостивар, поканија светски познати истражувачи од Италија од здружението Персефоне. 

„Веруваме дека овој проект ќе помогне да се обучат многу млади спелеолози и истражувачи. Земјата изобилува со спелеолошки предизвици, богат биодиверзитети ние сме среќни што ќе помогнеме тие млади луѓе да се стекнат со вештини, но и научни сознанија за нови спелеолошки истражувања“, изјави Иларија Вакарели  - шеф на италијанскиот тим спелеолози, професор на Универзитетот во Акуила.


„Овој проект треба да обезбеди подобрување на локалните капацитети во управувањето со заштитените подрачја. Пештерата Убавица е вистинска реткост на овие простори и преку современ мониторинг, спелеолошки истражувања, ќе се обидеме да го зачуваме она што природата го подарила и да го заштитиме богатиот биодиверзитет во заштитените подрачја“, рече Методија Саздов од УНДП, раководител на проектот.

Првиот дел од практичните вежби се одржаа во тренинг центарот, додека вториот дел од вежбите се одржаа во пештерата Убавица.


За спелеолозите и други љубители на пештери се подготвува и Упатство за техниките и алатките кои се употребуваат во оваа наука, изработено од италијански научници и одобрено од Италијанската федерација на спелеолози.

Проектот “Подобрување на локалните капацитети за истражување и конзервација на природното наследство на пештерата Убавица“ е дел од Програмата на Европската унија „Зајакнување на управувањето со заштитените подрачја“, вредна 4,3 милиони евра, имплементирана од УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.         


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг