СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА УКРАЛ 570 ИЛЈАДИ ЕВРА - еве како го измамил недолжниот човек кој сакал да помогне на пријател

Објавено во: Економија 24 Мај, 2023
Крадец во Кина користел вештачка интелигенција за да го промени својот изглед и да се претстави како пријател на претприемач од кој изнудил повеќе од половина милион евра, соопштија властите. Жртвата, познат само по презимето Гуо, изјави дека во април добил видео повик од лице кое неверојатно изгледало и звучело како негов пријател.
Но, лицето со кое разговарал е измамник „кој користел технологија за вештачка интелигенција за да го промени својот изглед“, се вели во написот објавен во понеделникот во весник поврзан со властите на Фужоу, на истокот на земјата.
Ништо не му изгледало сомнително на човекот за време на видеоповикот
Крадецот го уверувал дека на неговиот пријател итно му требаат пари за да ја плати гаранцијата за јавниот тендер. Така успеал да го убеди Гуо да му плати 570.000 евра од банкарската сметка на неговата компанија. „За време на видеоповикот бев сигурен дека тоа е лицето и гласот на личност која ја познавам и не се сомневав во ништо“, рекол претприемачот, пренесува весникот во описот.
Откако ја извршил уплатата, Гуо испратил СМС на пријател чиј идентитет го украл крадецот.
Кога ја видел реакцијата на својот пријател, кој очигледно не знаел за трансакцијата, бизнисменот сфатил дека е измамен и повикал полиција.
Полицијата и наредила на банката да не ги исплати парите и на Гу му биле вратени 450.000 евра, пишува весникот. Измамниците не беа пронајдени.
Употребата на вештачката интелигенција, понекогаш и за злоупотреба, е под зголемена контрола во светот, особено откако американската компанија OpenAI во ноември го лансираше ChatGPT, робот со кој може да се разговара и да го имитира човечкиот глас.
Интерфејсот не е достапен во Кина, но ChatGPT е предмет на бројни дискусии на социјалните медиуми и големите кинески технолошки компании се натпреваруваат да развијат слични алатки.
Можеби ќе ве интересира
Албанските работници земаат ниски плати, но работат по 43,7 часа неделно

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда
