03 Мај, 2024
0.0262

Со растот ќе ни требаат дури 70 години за да ја стигнеме ЕУ

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија од 2.000 година има просечна стапка на раст од 2,8 отсто и со таков раст за 70 години би постигнала нивото на ЕУ. 

Ако растот се зголеми на 5 отсто тогаш целта ќе се реализира за 30 години.

Oва го тврдат од Светска банка.  Македонија има потенцијал да стане земја со високи приходи, за што е потребен одржлив економски раст.

Ова беше посочено на денешната презентација на анализата на Светска банка „Постигнување посветла иднина за сите“ во која се разгледува напредокот на Република Македонија во текот на 27 години по остамостојувањето.

„Со постигнување на договорот со Грција, државата направи одлучен чекор во долготрајниот спор околу нејзиното уставно име. Разрешувањето на спорот за името кој предизвикуваше политичка и економска штета уште од 1991 година се очекува да го забрза процесот на пристапување на земјата во ЕУ и НАТО, да овозможи подлабоко да се интегрира со регионалните и со светскиот пазар“, се истакнува во анализата што денеска беше презентирана во Скопје од регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, претставникот на Светска банка во Македонија Марко Мантованели и Марко Хернандез, коавтор на извештајот.

Мантованели објасни дека Македонија се наоѓа во историски период и треба да надмине некои од политиките со кои беше опфатена неодамна.

Македонија е рангирана како земја со средни до високи приходи, но, како што беше посочено, има потенцијал да биде и со високи приходи за што треба да се спроведат одредени реформи.

Во анализата се наведени три патеки кои меѓусебно се надополнуваат за земјата да ги искористи новите можности за надминување на предизвиците. Првата е да поттикне подинамичен и поконкурентен приватен сектор, втората е вложување во луѓето за да се изгради конкурентна и приспособлива работна сила и третата се однесува на остварување економска социјална одржливост, како и одржливост на животната средина преку делотворно управување, фискална прудентност, како и подобрено управување со животната средина во насока на зголемена отпорност на природни несреќи и климатски промени.

За прогресивното оданочување, Мантованели посочи дека Македонија е една од земјите со најмали приходи и дека има простор за прогресивно оданочување, но при тоа да се има предвид да не се доведе во прашање ефикасноста.

Препораките властите не мора да ги земат в предвид, но треба да ги разгледаат. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија