30 Април, 2024
0.0265

Со своја формула за името на Македонија уште еден грчки политичар

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Ставрос Теодоракис, лидерот на партијата „РЕКА“, е уште еден грчки политичар кој има свои формули за тоа како треба да биде новото име на Република Македонија по направениот договор со Грција и тој излезе во грчката јавност со свој став за досегашната положба на премиерот Ципрас во преговорите. Теодоракис предлага сложено име што ќе содржи еден, а не два збора, на македонски јазик, без превод.

- Треба да одиме на сложено име, ќе ви споменам и еден друг параметар што го поставуваме ние. Да одиме на едно сложено име што ќе биде еден збор, еден непреведен збор. Може да одиме на многу варијанти, многу подобри од Северна Македонија или од Горна Македонија. Да одиме на збор, што нема да биде англиски, секако нема да биде грчки, туку ќе биде збор на словенски дијалект и ќе биде еден збор, а не два збора. Едното е името, другото е обврзувачките гаранции што ќе им кажуваат на Грците дека иредентистичките расположенија се исчезнати - рече Теодоракис објаснувајќи ги позициите на неговата партија.

Во однос на текот на преговорите, до кој степен се стигнати и дали сме блиску до решение, Теодоракис рече дека „никој не може да знае“, бидејќи постојат многу нерешени прашања меѓу кои најважното е македонскиот Устав.

- Мислам дека постојат многу нерешени прашања, а главно е прашањето со одредбите во Уставот на ПЈРМ. Како што знаете, постојат иредентистички одредби. Постои расположение, но од расположение да преминеме во конкретни обврзувачки гаранции, што би ни дозволиле сите да кажеме: „Било, поминало, одиме кон нова ера“, мислам дека ќе биде потребен еден временски период - објасни лидерот на Река.

Ставрос Теодоракис рече дека е смешно и опасно владата да има една, а министерот за одбрана Панос Каменос друга позиција, а тоа, според него „им остава простор на радикалните елементи да организираат различни собири во Грција кои го кршат националното единство што е толку многу неопходно во овој период“. Лидерот на Река, рече дека неговата партија е против протестите.

Токму околу тоа колку и дали е информиран народот за текот на преговорите, разговараа Ципрас и Теодоракис на почетокот од средбата. 

Можеби ќе ве интересира

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот