„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2025
Златко Ориѓански, композитор и поранешен директор на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, кој во јули лани престана да ја врши таа функција, по пет години поминати таму како прв директор на тој тогаш нов центар, информира дека Албанија во мај годинава ќе биде домаќин на светски реномирана велосипедска трка, што е голема реклама за земјата, и иронично ги прашува нашите власти до каде се со Уставот, мислејќи притоа дека треба да се откочи и нашиот пат кон ЕУ.
„Не знам дал знаете, онаа светски позната трка со велосипеди, Гиро д'Италиа, трка која ја следат повеќе од 800 милиони луѓе во светот. Оваа година 2025 во мај месец, ќе почне од Албанија, поточно од Драч, преку Тирана до Валона. Поголема реклама за земјата и нејзините убавини, просто нема. Со Уставот до кај сте?“, пишува на фејсбук Ориѓански.
Можеби ќе ве интересира
„СРАМНА ИЗЈАВА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ВАСО, ЗОШТО НЕ ГО ПРИЈАВИЛЕ ЗА КРАЖБА НА АВТОМОБИЛОТ“ - се огласи Росица, сестрата на Фросина Кулавкова

ВО ТЕК СЕ АНКЕТИ ВО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ - Орце Ѓорѓиевски не ги крие своите градоначалнички амбиции

АДВОКАТОТ ДРАГАН ПЕШЕВСКИ ОБВИНУВА: Иако лекари му препорачаа да се лекува дома, Горан Ангелов-Ќосето со три скршени ребра е вратен во затворот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Јованов се појави во јавност и изрази сочувство до Кулакови

ТРАМП ЌЕ ДЕПОРТИРА И ЛУЃЕ ОД БАЛКАНОТ: Додик не сака да прими тврдокорни исламисти

МАЈКАТА НА ЈОВАНОВ: Загубата е ненадоместлива и непрежалива, се зацрнија два дома

ФОРИН ОФИС: Британските граѓани да внимаваат при патувања во Македонија

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Се запалила просторија во училиште
