02 Мај, 2024
0.0311

СО ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ФАРМЕРИТЕ И ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ ДО НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ДЕЈНОСТА

Објавено во: Економија 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

-Индустријата за месо, со која АХВ минатата недела потпиша договори, ќе го презема месото по нешто пониски цени од овие (по кои ќе откупува АХВ), зашто кланичарите треба да појдат на терен со возило, да однесат ваги, да ангажираат луѓе, да го преземат месото и да го преработат, што значи дополнителен трошок. Индустрија од секогаш била вклучена во работењето и тесно соработувала со домашните производители на свежо свинско месо, односно со фармерите, - истакна Гоце Трајчев, претседател на Групацијата за производство на месо и преработки од месо.

Следејќи ги тековните случувања, Групацијата одлучи домашната месна индустрија повторно да излезе во пресрет на потребите на фармерите и државните институции, помагајќи во справувањето и спречувањето на појавата на болеста  „Африканска чума“ на територијата на државата.

-Домашните преработувачи и фармери ја поздравуваат мерката со која Владата во координација АХВ, МЗШВ, фармерите и месната индустрија направи чекори напред  навремено да се спречи појавата на болеста, сите фармери да се обесштетат со соодветен и доволен износ, а сите останати фармери кои ќе продолжат да функционираат и понатаму, ќе работат со безбедни и соодветни биосигурносни мерки со што дополнително ќе се зголеми квалитетот и безбедноста на домашното свежо месо, - информираше Илија Георгиев од Агенцијата за храна и ветеринарство.

По пазарна цена ќе се откупуваат свињите од индивидуалните фарми кај кои нема или не се запазени основните биосигурносни мерки. Целта е сточарите да не бидат оштетени, да се намали ризикот од „Африканска чума“, но и максимално да се искористи економскиот бенефит од преземањето и колењето на грлата.

Разликата во цената, онаа што ја дефинира АХВ и онаа што кланичарите ќе ја платат (нешто пониска од пазарната), одгледувачите на свињи ќе ја добијат во два наврата. Еден дел ќе им биде исплатен во рок од пет дена, а останатиот дел во рок од 30 дена.

Свињите ќе се откупуваат според упатството и ценовникот што го има донесено АХВ, усогласен со цените на домашниот пазар. За расна маторица ќе се исплаќаат 24.000 денари по грло, за мелези 16.000, додека за расна маторица со неодбиени прасиња 30.000 денари, а за мелези со неодбиени прасиња 22.000 денари. За гоеници тешки 80 - 120 килограми се предвидени по 100 денари за килограм, за гоеници над 120 килограми по 80 денари за килограм, за расни нерези 24.000 денари по грло, а за мелези 16.000 денари. За расни назимки ќе се плаќаат 170 денари за килограм, а за мелези 120 денари. За прасиња тешки 10 - 25 килограми ќе се даваат 170 денари по килограм, а за прасиња од 25 - 80 килограми по 120 денари по килограм. Ова се всушност пазарните цени, цените на сточните пазари, по кои ќе се откупуваат свињите од домашните фарми.

Домашната месна индустрија, онаа количина месо што ќе ја откупи АХВ ќе ја исплати веднаш на одгледувачите и директно на трансакциска сметка, за да не се губи време со административни постапки и процедури, а останатиот дел ќе го исплати АХВ во рок до 30 дена. Целта е сточарите веднаш да ги добијат финансиските средства, најдоцна во рок од пет дена.

-Во контекст на соработката, а имајќи ги предвид ефектите, резултатите и влијанијата од досегашната времена мерка за ослободување на домашните преработувачи од царинските давачките за увозно свинско месо наменето за преработка која немаше никакво влијание врз домашното фармерско производство, преработувачите уште еднаш апелираат до надлежните институции дека се созреани условите времената мерка да премине во крајно законско решение. За таа цел веќе е во крајна фаза подготовка на измена и дополнување на законското решение со кое тие бараат измена на мерката и целосно ослободување при увоз на замрзнато свинско месо за крајна употреба на домашните оператори со храна, - потенцираше Трајчев.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија