19 Јануари, 2025
0.0275

Со зајакнување на АЕК и СРД до подобра заштита за крајните корисници

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Европската унија почнува со реализација на проект за зајакнување на административните капацитети на двете регулаторни тела со цел да се подобри заштитата на крајните корисници и да се постигне поголема конкуретност на пазарот.

Проектот со кој ќе се зајакнуваат капацитетите на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми ќе се спроведува во следните 18 месеци.

- Независноста на регулаторите од политиката, нивната финансиска одржливост и нивниот непристасен третман од пазарните оператори се начела кои треба да го водат напредокот во однос на функционирањето на регулаторите. Подобрувањето на конкретноста на пазарот и зајакнувањето на заштитата на потрошувачите значи дека средината во којашто функционираат операторите и во која потрошувачите ги користат услугите, ќе даде чувство на непристрасност и најдобри цени, истакна евроамбасадорот Аиво Орав на денешната презентација на проектот.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, Македонија има многу сторено во делот на дигитализацијата на медиумите и делот на телекомуникациите за што потврда е и последниот извештај на Европската унија.

- Низата проекти што ги спроведувавме претставуваат континуиран напредок во исполнувањето на стандардите и препораките на Европската унија како наша долгорочна цел и стремеж. Последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија регистрира позитивни движења во интернет и мобилните услуги и напредок во оваа област. Секако постојат и слабости кои во наредниот период ќе треба да ги надминеме на кои сме сериозно посветени во насока на нивно решавање, истакна Ивановски.

Директорот на АЕК, Роберт Ордановски, очекува да ги применат европските искуства со кои ќе се подигне на уште повисоко ниво функционирањето на ова регулаторно тело.

- Од 2005 година, АЕК постои како независен регулатор. Очекуваме примената на европските принципи и стандарди во АЕК да допринесат до повисоко ниво. Ефикасноста на Агенцијата е подигната на највисоко ниво. Исто така пазарот е добро регулиран во фиксната и во мобилната телефонија, а почнуваме и со воведувањето на 4 Г, рече Ордановски.

Советот за радиодофузија ќе ја искористи поддршката од ЕУ за изработка на сите подзаконски акти кои произлегуваат од законската регулатива со Директивата за адудиовизиелни медиумски услуги и ќе се фокусира на подигнување на медиумската писменост во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ