01 Јули, 2024
0.0257

Со зголемувањето на минималната, просечната плата ќе биде 500 евра

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, во „Студио 10“ на 24 Вести рече дека газдите ќе се соочат со кривични пријави доколку од 1 март не исплаќаат зголемена минимална плата од 18.000 денари. За тоа однапред ќе бидат писмено известени од гранковите синдикати.

Откако вчера беше објавено дека на трипартидниот состанок е зголемена минималната плата на 18.000 денари, Димовски откри дека просечната плата сега ќе се зголеми на 30.250 денари.

Тој додаде дека најголемите измами со минималната плата се прават кај микро и макро занаетчиските дејности. Според првиот човек на ССМ, работодавачите кријат данок со тоа што дел од платите ги исплаќаат како минимална а дел во кеш. 

- Ние прво кажавме дека 110.000 пријавени се на минимална, а рестото им го исплаќаат на плико. Мора да разберат работниците, кога ќе остареме, владата нема да ни биде крива кога ќе земеме пензија од 10.000 денари во тоа трето доба.

Кријат даноци и така наоѓаат дел од парите во кеш да исплаќаат. На државата вака и даваме сигурни приходи. Важно ја спречивме сивата економија и дадовме нешто на работникот.

Фризерско студио кое наплаќа 1.500 денари од фризура имало двеет вработени пријавени на минималец од 15.000 денари. Работничка пријави во Државниот пазарен инспекторат, кој установил дека дури и директорот е пријавен на мминимална плата.  Така се создава црн капитал. Таму најмногу се задскрива данок, рече Димовски.

Тој додаде дека следното барање ќе биде исплата на регрес за сите работници во јавниот сектор, а го пофали проектот недела - неработен ден со тоа што на премиерот Димитар Ковачевски му забележак дека и натаму работат коцкарници, обложувалници и кафулиња. Според Димовски, на овие дејности им се прогледувало низ прсти.

За барањето на комората да се направи ревизија на законоското решение за недела - неработен ден, Димовски дава предлог до бизнисмените да го обжалат на Уставен суд.

- Комората нека го даде на Уставен суд, па кога ќе решаваат судиите, нека се состанат во недела да видат како е. Уште поголем револт е предлогот сите дејности да бидат опфатени, а работодавачите да ни платат онолку колку што ќе се договорот за недела. Така ќе ги правиме законите - со ќефови? Не можеме да кроиме закони за некои да се изживува со работникот затоа што порано правел 50 милиони евра, а сега 49. Па доста е другари!, нагласи Димовски.

Тој најавува дека владата за зголемувањето на минималната плаќа че ги субвенционира придонесите 10 месеци или 1 година.


Можеби ќе ве интересира

„СЛЕДНАТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО 2026 И ЌЕ БИДЕ НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТА“: Британскиот економист Фред Харисон со ново предупредување

„СЛЕДНАТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО 2026 И ЌЕ БИДЕ НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТА“: Британскиот економист Фред Харисон со ново предупредување

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?