30 Април, 2024
0.0271

Собранието ги именува и разрешува членовите на РКЕ

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Антикорупциска го испитува случајот за кој се отвори сомнеж дека Атанаско Тунески како член на Регулаторната комисија за енергетика, паралелно поседува и 10 обични акции на компанијата Макпетрол АД, а според Законот за спречување на корупција и судир на интереси службено лице не може во текот на мандатот, како и во рок од три години по неговиот престанок да стекне по која и да е основа и во кој и да е облик акционерски права во правно лице врз кое тој или органот во кој работи или работел врши, односно вршел надзор, освен ако тие права ги стекне по пат на наследување.

ДКСК треба да прибави податоци и доколку се потврдат сомнежите ќе побара Собранието да го разреши Тунески од функцијата. 

Со постапката Антикорупциска треба да одговори како е можно Тунески како член на РКЕ кој е должен да учествува во работата и одлучувањето на седниците на Комисијата, истовремено да има увид во работата на енергетска компанија каде поседува акции.

Атанаско Тунески е член на РКЕ од 26 јуни 2018 година. Согласно закон, членовите и претседателот на РКЕ на предлог на Владата ги именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија.

Функцијата член на РКЕ се врши професионално и е неспоива со извршувањето на друга јавна функција или функција во политичка партија или работно место. Доколку членот на РКЕ пред именувањето бил во работен однос, работниот однос му мирува.


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи