18 Мај, 2024
0.5341

Собранието ќе има пет потпреседатели, по нивниот избор ќе се гласа Владата на Заев

Објавено во: Македонија 25 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Колку потпретседатели ќе има Собранието и од кои партии ќе бидат тие. Денеска за во 11 часот е закажана собраниска седница на која на дневен ред е утврдувањето на бројот на потпретседатели - предлогот ќе стаса од претседателот Талат Џафери, кој според информациите ќе предложи да има пет потпретседатели.  Сепак можно е утре воопшто да не се изберат тие, односно глaсањето за нив да биде на друга седница. 

Мандатарот Зоран Заев веќе изјави дека предлогот за новата Влада ќе го достави до Собранието по изборот на потпретседателите со што станува јасно дека гласањето за новата Влада најверојатно ќе биде до крајот на неделава. Според последните информации предлогот ќе биде доставен до среда, а седницата за избор ќе биде во сабота и во недела кога се очекува и гласањето. Од владејачката СДСМ брифираат дека утре оставки ќе поднесат и седумтемина пратеници- кандидати за министри, вклучително и мандатарот Заев по што ќе се констатираат нивните оставки.

Заев има рок да состави Влада и предлогот да го достави во Собрание до 2 септември. Инаку лидерот на ДУИ Али Ахмети тврдеше дека нема да има измени во персоналните ерешенија за министри и покрај тоа што првично се брифираше за незадоволство внатре во ДУИ.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза