СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари
Објавено во: Економија 11 Декември, 2025 07:40
Собранието на Република Македонија ќе вработува дури 33 лица. На Агенцијата за администрација објавени се огласи со кои се бараат кандидати заинтересирани да работат во највисокото државно тело.
Условите за работа во Собранието се горе доле слични, се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија.
Дополнително, потребни се: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, активно познавање на англиски, француски или германски јазик и положен правосуден испит.
Се бара идните работници во Собранието да имаат високо образование, но за различни позиции има различни посебни услови.
Она што е забележливо е што платите за позициите за кои се бараат работници се движат од 32 илјади денари, па се до 53 илјади денари.
Меѓу позициите кои треба да се пополнат е Соработник за информирање на јавноста на албански јазик, кој треба да има факултет од областа наOпштествени науки - Право, Политички науки и Медиуми и Комуникации и најмалку 1 (една) година работно искуство во струката. За оваа позиција платата ќе достигнува 40.707 денари. Слична плата би имал и преведувач од македонски на албански и обратно, а секако треба да исполни и слични услови за добивање на оваа позиција.
Се бараат и повеќе помлади соработници, еден за секторот човечки ресурси, еден за јазична редакција на материјалите, како и за соработник за канцелариски и архивски работи. За овие три позиции платата ќе биде 37.758 илјади денари, а тие треба да ги исполнат истите услови како и претходните.
Меѓу повисоките плати ќе имаат лицата кои би ја добиле позицијата Советник на комитетот за односи меѓу заедниците и Советник за толкување од македонски на албански јазик, како и советник истражувач на пазарната економија. За овие три позиции плата достигнува до 47.303 денари.
Доста примамлива плата има и за позицијата Раководител на одделение за умножување и комплетирање на материјали 53.434 денари, како и раководител на одделение за документација. Се бара и раководител на одделението за поддршка на работата на претседателот на собранието, кој исто така би добивал плата над 53 илјади денари.
Спротивно на нив, најниската плата е за позицијата помлад референт за мултилатерална соработка кој ќе добива 32.404 денари плата, додека пак техничкиот секретар ќе добива малку повисока плата од 32.714 денари.
Дел од огласите истекуваат во следните денови, поточно на 13 декември, додека друг дел на 15, 16, 17 ... па се до 20 декември. Сите детали на веб страната на Агенција за администрација.
П.О.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење
Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра
САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела
Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија
Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист
Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?
Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции




