Собранието не ги изгласа измените на закони кои ги бараше Јанева
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016
Собранието денеска не ги усвои предлозите за измена на Законот на СЈО и за заштита на сведоци.
Со 36 за и 54 против не помина предлогот за измена на Законот за Специјалното јавно обвинителство со кое се бараше продолжување на рокот за постоење на СЈО. Барањето за имени на Законот за заштита на сведоци доби само 42 гласа за, а 52 пратеници гласаа против.
Пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов кажа дека гласањето на овој Закон содржи сериозни политички пораки, бидејќи СЈО проилезе од Пржино и треба да да помогне во разрешување на политичката криза.
Според него, во интерес на ВМРО - ДПМНЕ е да се докаже дали имало прислушување по правен пат.
На расправата не се појавија пратениците од ДУИ. За законите се расправаше помалку од еден час.
ЈавнатаоОбвинителка Катица Јанева неколку пати досега побара од пратениците да изгласаат измени на Законот за заштита на сведоци, за СЈО да може да навлезе во сржта на предметите „Нешковски“, „Монструм“ и „Сопот“. Иницијативата за измени на законите таа ги достави во Собранието уште во април.