26 Април, 2024
0.0310

Собранието започна да исплаќа патни трошоци за новиот состав - Рабаџиевска Наумовска ја предводи листата, Јанушев го одржува зборот

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Македонското Собрание започна да ги исплаќа вонредните трошоци кои не се дел од бруто-плата на пратениците од новиот собраниски состав, а според она што може да се види тука повторно меѓу предводниците ќе биде Бети Рабаџиевска Наумовска. На сметката на народниот претставник од Ресен се исплатени 26.195 денари.

Инаку пратеничката на СДСМ во изминатиот деветти по ред парламентарен состав, во трошоците за патни трошоци, станови, комунални услуги и патувања во странство кај Собранието, несметајќи ги редовните плати, беше втора со 45.918 евра, зад Алија Камберовски од ПЕИ со 47.450 евра.

Новата пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова, има исплата од 20.465 денари и избраничката од Гевгелија е на второто место зад Рабаџиевска Наумовска според трансакциите кои се забележани изминатиот четврток. Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга и кој за минатиот тригодишен мандат зема 42.261 евра, овој пат е на третото место со 19.982 денари. 

Следуваат Жаклина Лазаревска (СДСМ) од Охрид со 17.918 и новајлиите од ВМРО-ДПМНЕ - Дајанчо Ефтимов од Василево со 16.880 и стоматологот Кирил Пецаков од Охрид со 15.416 денари. Искусниот пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, добил 15.390, а по него е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, со 14.490 денари. Со повеќе од 10.000 денари почетен „бонус“ се уште и Лидија Петкоска, Соња Михаиловска, Здравко Трајанов, Ели Панова, Зоранчо Јованчев, Јован Јаулески и Олга Лозановска, итн.

Пред три недели спикерот Талат Џафери најави дека доколку од Владата пристигне предлог во форма на закон за намалување на патните и другите трошоци на пратениците, ќе бара тоа да важи и за сите функционери бидејќи не сака да дозволи од Собранието, како што рече тој, да се прави карикатура, а пратениците да се претставуваат како извор на зло.

Игор Јанушев, доскорешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, останал доследен на зборот и не пријавил трошоци кога патувал од Велес, откако реално беше единствениот до сега кој јавно се откажа од ова право. Претходно така се декларираа и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и партискиот лидер Зоран Заев, но во меѓувреме тие станаа членови на Владата.

Пратениците уверенијата за своите мандати од Државната изборна комисија ги добија на 25 јули, а на 21 август Собранието започна со работа со изборот на Талат Џафери за старо-нов претседател.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо