19 Мај, 2024
0.0312

СОБРАНИСКА СЕДНИЦА: Пратениците ќе прашуваат, премиерот и министрите ќе одговараат

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

 Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите. 

Оваа седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, но поради патувањето на премиерот Зоран Заев беше одложена за денеска. Според воспоставената практика први прашања ќе поставуваат пратениците од опозицијата. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска треба да одржи редовна понеделничка средба со координаторите на пратеничките групи, после која треба да биде објавено дали на 5 јули, четврток или на 6 јули, петок ќе се одржи седницата на која повторно треба да се гласа законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името. 

Џафери ова го најави на средбата со новинарите одржана во петокот, откако претседателот Ѓорге Иванов го врати законот за ратификација на Договорот без потпшишан Указ и со образложение на причините зошто го прави тоа. Претседателот на Собранието на истата средба кажа и дека по изгласувањето, Договорот, но и Законот за употреба за јазиците, кој исто така не е потпишан од Иванов, ќе ги прати во Службен весник. Едно од решенијата е тие да бидат пратени во Службен весник само со потпис на Џафери. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“