Социјалната помош во Германија поголема од платата во 131 држава
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2017
Секој четврти жител на Германија кој добива социјална помош е странец.
Податоците покажуваат дека во 131 држава во светот, платите се помали од социјалната помош во Германија.
Семејство со едно дете зема повеќе пари како социјална помош во Германија отколку работник во било која од овие 131 земја.
Социјалната помош е во износ од 1200 евра.
Во Германија се доселуваат не само луѓе од Сирија и Авганистан, туку и од Бугарија и Романија.
295.000 приматели на социјална помош во Германија се Турци, 242.000 се Сиријци, а Полјаците се 93.000.
Бројот на Германци кои живеат од социјална помош лани е намален за 240.000.