05 Мај, 2024
0.0713

Социјално претприемништво - страв од ризик или недоволно разбран концепт?

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Социјалните и економските проблеми не се решаваат со бизнис модел, колку и да е тој модел иновативен, туку со соработка помеѓу клучните општествени чинители- вели за Фактор Билјана Стојческа која е дел од тимот на Младински Сојуз – Крушево и координатор на програмата за младинско претприемништво и вработување. Нивните досегашни анализи покажале дека најкритичен фактор за развој на бизнис идеја, младите во нашата земја ги посочуваат финансиските ресурси, како втор критичен фактор  недостатокот  на знаење за бизнис, а потоа и погрешната  разбраност од страна на општеството.

“Најчест и наједноставен начин кој јас како младински работник го користам за претставување на социјалното претприемништво пред младите луѓе во текот на едукативните неформални настани е  “Бизнис кој решава општествени проблеми” или “Одржлив начин за решавање на општествените проблеми”. И додека има широка дебата на темата социјално претприемништво во нашето општество, јас силно верувам дека она што го истакнува овој бизнис модел од бизнис моделот посветен на профитот, е токму иновацијата. Меѓутоа, социјалните и економските проблеми според мене не се решаваат со бизнис модел, колку и да е тој модел иновативен, туку со соработка помеѓу клучните општествени чинители. За решавање на нашите социјални и економски предизвици важни сме сите во нашето општество. И би нагласила дека комбинацијата на соработка и социјално претприемништво е успешна комбинација за  решавање на социјалните и економските предизвици за зајакнување на инклузивниот раст”- вели Стојческа.  

Според последното истражување кое Младинскиот Сојуз  од Крушево го спроведе во рамките на Еразмус плус проектот “Dive in Social Entrepreneurship”, каде беа вклучени повеќе од 100 млади невработени луѓе од различни региони од Македонија, заклучоците покажале  дека 36% од младите не го разбираат концептот на социјално претприемништво, 52% имаат своја дефиниција за овој бизнис модел, а 12% имаат солидни познавања за овој концепт.

“Од друга страна, на нашето прашање “Според ваше мислење, како изгледа успешен млад социјален претприемач во вашата земја?” најголем процент одговараат со немам одговор. Оттука заклучуваме дека потребни се практични примери за  успешни социјални бизниси блиску до младите луѓе за да ги запознаеме и поттикнеме да го имплементираат овој иновативен бизнис концепт во нашето општество. Во однос на елементот “страв од ризици”, резултатите од нашето истражување водат кон следниве заклучоци – како најкритичен фактор за развој на бизнис идеја, младите во нашата земја ги посочуваат финансиските ресурси (70%).  Како втор критичен фактор е недостаток на знаење за бизнис (28 %), потоа погрешна разбраност од страна на општеството (27%) и тука веќе доаѓаме до факторот ризик, кој како критичен фактор го посочуваат 24% од вклучените млади во нашето истражување. Мојот генерален заклучок, како младински работник активно вклучен во областа социјално претприемништво од 2012 година, е дека младите во нашата земја не се плашат, туку имаат потреба од силна поддршка и верба во нив”- додава Стојческа.  

Бизнисот и профитот според неа се решението  за економијата ако бидат реинвестирани Дали во конкретна општествена промена, но за тоа како што бели мора да се следат и познаваат општествените промени.

“Професорот Мухамед Јунус вика “Младите луѓе треба да научат дека има два концепти на бизниси во светот. Бизниси кои создаваат пари,  и бизниси кои ги решаваат проблемите на светот. Ова е академска вежба, а потоа што ќе направат со ова знаење зависи само од нив”.  Ние сите треба да се стремиме кон подобар свет, и иако многумина  сметаат дека бизнисот или профитот е главниот проблем во овој свет, јас сметам дека токму бизнисот или профитот е решението, ако биде реинвестиран во конкретна општествена промена. Меѓутоа за да инвестираме во позитивна општествена промена, исклучително е важно да ги познаваме потребите на нашето општество. Мене ми е многу мило што помеѓу младите луѓе денес има тренд да бидат двигатели на позитивните општествени промени, сепак ќе заклучам, дека вистинската промена се случува само кога е одговор на вистинските општествени потреби и проблеми”- нагласува Стојческа.

Младите сами по себе  вели се конкурентни на пазарот на труд затоа што нивна предност е што се млади. Стојческа потенцира дека  често пати ги охрабрува дека сега им е правото време за различни чекори, бидејќи ризикот кога си млад смета дека изгледа како незначаен. Важно е како што вели да бидат спремни за различни чекори или да бидат иновативни во своите бизнис идеи. 

Многу експерти или познавачи од областа социјално претприемништво вели дека  во фокусот на овој бизнис модел ги ставаат лицата од социјално-ранливите категории.

“Да, многу е важно да се вклучуваат лицата од  социјално -ранливите категории. Ама за подобар свет важни сме сите! И мораме фокусот да го ставиме на сите! Социјалните бизниси се бизниси за општествените проблеми кои ги вклучува сите во нашето општество. Би сакала да истакнам, дека со ова не сакам повторно да ги маргинализирам веќе маргинализираните лица, туку напротив, сакам да укажам дека општествените проблеми не поставуваат сите во различни ситуации во маргинализирана група. Затоа е важно да не се исклучуваме сами едни од други, ами да се вклучуваме едни со други”- порачува Стојческа.

Европските искуства според неа се добра основа за развој на нашата претприемничка мапа, а тие се стекнуваат преку мобилни активности.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?