Солидарноста даде резултат во гаснење на пожарите: Заев вели дека е важно да се заштитат граѓаните, куќите и имотот на луѓето
Објавено во: Македонија 11 Август, 2021
Премиерот Зоран Заев, синоќа објави дека солидарноста, функционирањето на системот, почитувањето на хиерархијата во координација со меѓународните сили дадоа резултати за локализација и гаснење на пожарите во земјата.
Во објавата на својот профил на Фејсбук, Заев наведе дека за тоа се одговорни воените хеликоптери, заедно со „нашите херои - пожарникари, полиција, војска, шумари и шумски служби“.
Тој ја нагласи помошта од други земји, вклучувајќи ги Австрија, Словенија, Романија и Бугарија.
Заев изјави дека е предизвикана голема штета на шумите, но вети дека тие ќе бидат обновени.
Тој нагласи дека е важно да се заштитат луѓето, куќите, шталите и имотот на граѓаните.