Сообраќајот се одвива нормално, зголемен интензитет надвор од градските средини
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2014
Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.Денеска во периодот од 8 до 15 часот ќе има привремен сообраќаен режим поради изведување на градежни активности – реконструкција на железничкиот премин на улицата Перо Наков во општината Гази Баба.
Поради тоа, на оваа делница сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено поставениот режим.
Автобусите на автобуската линија со број 23 ќе бидат пренасочени, и тоа од Маџари кон Центар ќе сообраќаат по улицата Благоја Стефковски, булеварот Александар Македонски и булеварот Киро Глигоров и обратно по истата траса, при што ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот режим на сообраќај.