Сопиште лишено од инвестиции затоа што не платил долг кон полицијата
Објавено во: Економија 25 Септември, 2018
Општина Сопиште, локалната самоуправа со голем потенцијал на падините на Водно крај Скопје, не може да вложува во инвестиции, затоа што има блокирана сметка откако претходниот градоначалник пред осум години не му платил на МВР за ангажирање на полицајци за обезбедување на спорната водоводна мрежа кон Патишка река.
Станува збор за долг од 78 милиони денари со натрупани камати, кој МВР го бара, а преку судска пресуда интервенираше извршител.